Влезниците за натпреварот Македонија – Косово по цена од 300 и 400 денари!

Полуфиналниот меч во УЕФА Лигата на нации ќе се игра во Скопје, а победникот за пласман на ЕП 2020 ќе игра против Грузија или Белорусија.

Денеска Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да се закаже редовно Годишно Собрание на 21 март.

Истиот според најавите ќе биде одржан во хотелот „Александар Палас“ во кој ќе се разгледуваат финансиските извештаи за 2018 година.

Исто така треба да биде усвоен предлог буџетот за 2020 година, а освен тоа членовите на УО на ФФМ ги усвоија цените на влезниците на полуфиналниот натпревар од УЕФА Лигата на нации за пласман на наредното Европско првенство.

Како што е веќе познато дуелот помеѓу Македонија и Косово ќе се одигра на 26 март на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје, влезниците ќе се продаваат по цена од 300 и 400 денари, во зависност од трибината.

Победникот од овој дуел на гостински терен во Грузија или Белорусија ќе се бори за учество на наредниот континентален собир на 31 март.

Претходно објавивме дека безбедноста на споменатиот дуел ќе биде грижа на МВР, а косовската полиција ќе внимава на гостинските навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот