Влезници за дуелот Италија – Македонија можат да се купуваат до вторник

Македонските навивачи имаат можност да ги бодрат македонските фудбалери во Разград/Фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија објави дека платформата за купување билети од денеска повторно е отворена и навивачите ќе имаат можност да купат билети за бараж натпреварот против Италија што ќе се игра во Палермо, до вторник до 12:00 часот.

Повторното отворање на платформата за продажба на билети на Италијанската фудбалска Федерација е резултат на одлуката на италијанските власти да дозволат исполнување на целиот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Македонските навивачи и љубители на фудбалот кои веќе поседуваат кодови за купување на влезници, а од технички или други причини не успеале да ја завршат процедурата за купување на влезници, можат повторно да влезат во системот за продажба на билети и да ги купат бараните влезници.

Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови треба да пристапат на следниот ЛИНК за билети.

Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите, а билетот го добиваат во електронска форма.

Пред да отпатуваат за Италија, навивачите задолжително мора да го пополнат и поседуваат формуларот кој се наоѓа на следниот ЛИНК.

Навивачите на македонската репрезентација кои немаат аплицирано за кодови за купување на билети, а се заинтересирани за следење на натпреварот Италија – Македонија во Палермо може да аплицираат за влезници преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата [email protected].

Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот ЛИНК.
Македонските навивачи кои ќе патуваат во Палермо, Италија за натпреварот Италија – Македонија мора да ги почитуваат следните регулативи на италијанските власти во услови на пандемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот