Влегоа на листата со милијардери на „Форбс“: Од анти-ковид вакцина и оксиметри до империја

Фото: МИА

Анти-ковид вакцините продуцираа нови милијардери, меѓу кои и лекари и научници, кои се вброени во листата на „Форбс“, пишуваат светските агенции. На неа има и лица кои се заслужни за создавање и развој на вакцината против коронавирусот, а „Форбс“, само во здравствениот сектор, за оваа година лоцира 50 нови милијардери.

Најистакнати меѓу нив се научниците кои стојат зад двете најуспешни вакцини против ковид-19 – онаа што заеднички ја развија „Фајзер“ и „БајонТек“ и производот на „Модерна“.

Извршниот директор на „БајонТек“, Угр Сахин сега „тежи“ 4,2 милијарди долари додека директорот на „Модерна“, Стефан Бансел – 4,1 милијарда. Неверојатниот подем на „Модерна“ го направи еден од нејзините први инвеститори, имунологот Тимоти Спрингер од Харвард и научникот од МИТ, Роберт Лангер.

Меѓутоа, заработувачката не е постигната само од развој на вакцини, туку се збогатија и компании кои се занимаваа со развој на лекови кои помагаат за сузбивање на коронавирусот. Таков е примерот со канадската биотехнолошка компанија „АбСелер“ и нејзиниот извршен директор, Карл Хансен кој сега има 2.9 милијарди долари, откако компанијата излезе во јавност на 11 декември со лекување со антитела што го разви со фармацевтскиот гигант „Ели Лили“ за потоа да добие и одобрение од американската Агенција за храна и лекови (ФДА).

Добар пласман на пазарот имаат и компаниите кои им помагаа на поголемите фирми да тестираат нови лекови. Па така, Аугуст Трендл, основач и извршен директор на договорната истражувачка компанија „Медпеј“ со седиште во Синсинати, инкасира 1,3 милијарди долари.

Милијардерите потекнуваат од различни земји, а најмногу ги има од Кина која се смета за епицентар на коронавирусот. Меѓу најистакнатите е Ху Кун, претседател на производителот на медицински уреди „Контек медика системс“. Неговата заработувачка порасна за околу 150 отсто поради силната меѓународна продажба на производи, како пулсни оксиметри или уреди за анализа на состојбата на градите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот