Влаховиќ на врвот – најголемите 10 трансфери во зимскиот преоден рок

Душан Влаховиќ со „Старата дама“ потпиша договор до 2026 година/Торино, Италија/28 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/ALESSANDODI MARCO

Зимскиот преоден рок заврши, Килијан Мбапе остана во ПСЖ (се најавува дека ќе се пресели во Реал Мадрид), потоа Ерлинг Халанд остана во Борусија Дортмунд, а со оглед на тоа што двете најсилни имиња во кои медиумите се преселија останаа во своите клубови, најголемиот трансфер останува тој на Душан Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус.

Српскиот напаѓач редеше голови и рекорди за Фиорентина преминувајќи во редовите на италијанскиот великан, кој според евиденцијата на Трансфермаркт за него издвоил 81,6 милиони евра. Влаховиќ потпиша петгодишен договор, а сумата што Јуве ја издвои за него стана веднаш и рекордно висока сума платена за играч од поранешна Југославија.

Второто место на листата на најскапи трансфери во овој преоден рок го зазема Феран Торес, до вчера десното крило на Манчестер сити и шпански репрезентативец. Фиксниот надомест е 55 милиони евра кои Барселона ќе му ги исплати на Манчестер сити на четири рати, од кои првата следното лето. Во договорот има и четири клаузули кои можат да ја зголемат вкупната сума на трансфери на 65 милиони евра.

Третата најголема сума ја потроши Ливерпул за доведување на колумбискиот репрезентативец Луис Дијаз. Јирген Клоп итно испрати клупска делегација во Јужна Америка за да да го ангажира и биде побрз во трката од Манчестер јунајтед и Тотенхем. Тој беше платен 45 милиони евра.

Топ 10 најголеми трансфери во зимскиот преоден рок (податоците се преземени од „Трансфермаркт“):

1. Душан Влаховиќ во Јувентус (81,6 милиони евра)
2. Феран Торес во Барселона (55 милиони евра)
3. Луис Дијаз во Ливерпул (45 милиони евра)
4. Бруно Гимараеш во Њукасл (42,1 милиони евра)
5. Крус Вуд во Њукасл (30 милиони евра)
6. Лукас Дињ во Астон Вила (30 милиони евра)
7. Виталиј Миколенко во Евертон (23,5 милиони евра)
8. Јури Алберто во Зенит Ст. Петербург (20 милиони евра)
9. Родриго Бентанкур во Тотенхем (19 милиони евра)
10.Хулиан Алварес во Манчестер сити (17 милиони евра)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот