Владиниот лирџет по пријавена ситуација за итност безбедно слетал на Скопскиот аеродром

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродром пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.

Авионот на владината Служба за општи и заеднички работи, бил само со летечкиот екипаж, без патници, а летал од Солун за Скопје.

– Капетанот пријавил дека нема индикација дека предното тркало на авионот не е заклучено, поради што пријавил ситуација на итност и побарал од контролорите од Контроланата кула на Скопскиот аеродром да изврши низок прелет со цел визуелна проверка за извлечени тркала. По прелетот контролорите го информирале пилотот дека тркалата се извлечени по што пилотот донел одлука да слета и по кратко време слетал безбедно, изјави за МИА Николче Тасевски, еден од директорите во М-НАВ.

Од Владата најавија дека попладнево ќе испратат официјален став за инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот