Владата парично ќе ги награди фудбалерите за историскиот успех

Премиерот Зоран Заев изјави Владата донесе одлука дека Владата парично ќе ги награди историскиот успех на фудбалерите.

„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство“, објави Заев.

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва направи историски подвиг, обезбеди пласман на Европското првенство кое ќе одржи идната година откако во Тбилиси со голот на Горан Пандев ја совлада Грузија со 1:0.

ГАЛЕРИЈА: Историскиот успех на фудбалерите

ИСТОРИЈА: Македонија оди на Европско првенство

Фудбалерите го прекинаа пресот на Ангеловски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот