ГАЛЕРИЈА: Историскиот успех на фудбалерите

Фудбалската репрезентација на Македонија за прв пат ќе биде дел од едно Европско првенство откако вечерва со 0:1 ја совлада Грузија во финалниот бараж натпревар од Лигата на нации.

Фудбалска репрезентација на Македонија/EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

 

Јунак во историскиот успех е фудбалерот кој остави најголем белег во историјата на македонскиот фудбал, капитенот Горан Пандев кој на 37. години го постигна најважниот гол во македонскиот фудбал.

Игор Ангеловски
Игор Ангеловски/EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Селекторт Игор Ангеловски скрои тактика која го изненади поискусниот селектор на спротивната страна, Владимир Вајс, а неговите замисли на теренот перфектно ги извршија Столе Димитриевски, Дарко Велковски, Висам Муслиу, Егзон Бејтулаи, Езџјан Алиоски, Стефан Ристовски, Аријан Адеми, Бобан Николов, Елиф Елмас, Горан Пандев, Илија Несторовски како и Стефан Спировски, Тихомир Костадинов, Иван Тричковски и Ѓоко Зајков кои влегоа во второто полувреме.

EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE
EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE
EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

На крајот, Македонија благодарение на голот на Пандев ќе игра на Европското првенство кое ќе се одржи идната година, а претходно фудбалерите заиграа едно оро на теренот на кој го остварија најголемиот успех во досегашната историја.

ИСТОРИЈА: Македонија оди на Европско првенство

ГОООЛЛЛ: Гранде Пандев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот