Росен Жељазков, премиер на Бугарија/Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Владата на Жељазков го „преживеа“ и второто гласање за недоверба

Второто гласање за недоверба на владата на Росен Желјазков составена од ГЕРБ, БСП и ИТН, кое е поддржано од „Нов почеток“ на Дељан Пеевски заврши без успех.

За пад на владата гласаа 72 пратеници (33 од „Препордба“, 19 од ДПС-Доган, 11 од МЕЧ и 9 од „Величие“), а 130 беа „против“ (66 од ГЕРБ, 28 од „Нов почеток“, 19 од БСП и 17 од ИТН). ПП-ДБ не учествуваше во гласањето.

И за ова гласање, како и за првото, однапред беше јасно дека нема да помине, бидејќи за да падне владата потребни се гласови од најмалку 121 пратеник. Сепак, таа ја покажа промената на мнозинството во парламентот. ДПС-Доган до пред неколку дена и официјално ја поддржуваше владејачката коалиција, со што стана официјално мнозинство од минимумот со вкупно 121 пратеник. Неделава, пак, доганистите се повлекоа од владата поради влијанието на олигархот и бизнисмен Пеевски врз власта. Така сега владата и официјално е во малцинство со 102 пратеници. И покрај ова, групата од 29 пратеници од партијата на Дељан Пеевски редовно гласа со ГЕРБ, БСП и ИТН, а Дељан Пеевски, кој беше санкциониран според глобалниот закон Магнитски, однапред најави дека гласањето е „бескорисно“.

Досегашното гласање за недоверба беше заради неуспехот на владата во борбата против корупцијата и беше поднесено од партиите МЕЧ, Преродба и Величие и од самиот почеток беше јасно дека обидот за рушење на власта ќе го поддржат нивните 54 пратеници. Откако на почетокот на неделава ДПС-Доган одлучи да го напушти владејачкото мнозинство, формацијата најави дека нивните 19 пратеници ќе поддржат изгласување недоверба ден претходно.

Расправите за гласање недоверба се одржаа во средата. За време на нив опозицијата обвини дека коалицијата меѓу ГЕРБ, БСП и ИТН е „водена од Пеевски“.

Од власта, пак, одговорноста за проблемите ја префрлија на преодните влади и кабинетите на Кирил Петков и Николај Денков. ПП-ДБ своевремемо беше и од страна на опозицијата и од владејачката партија поради ставот дека не го поддржува кабинетот, но нема да поддржи гласање недоверба до резултатите од извештајот за конвергенција во јуни.

И ПП-ДБ да гласаше „за“ на сегашното гласање, владата немаше да падне, бидејќи коалицијата има 36 пратеници, а гласовите за рушење на кабинетот ќе беа најмногу 108.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот