Прес на влада со Аволон - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Прес на Влада со „Авалон“ / Фото: Слободен печат /Методи Здравев

ВИДЕО | Владата ќе носи извикан светски диџеј за 35-годишнината од независноста

Владата најавува „големо шоу“ на 8 септември, кога во нејзина организација, на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје ќе се одбележат 35 години од независноста на земјата.

Марија Митева, портпаролката на Владата, најави дека годинава, по повод јубилејната годишнина од независноста на Македонија, ќе биде организирана „голема национална културна манифестација“ со повеќе настани низ државата.

Прес на влада со Аволон - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Марија Митева, портпаролка на Влада / Прес на Влада со „Авалон“ / Фото: Слободен печат /Методи Здравев

Според Митева и претставниците на „Авалон“, централниот настан на одбележувањето ќе биде настапот на светски познатиот диџеј Дејвид Гета. Митева додаде дека јубилејот претставува историска точка што, како што рече, „обврзува на достоинствено и современо претставување на државата преку културата, уметноста и националниот израз“.

Прес на влада со Аволон - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Бобан Милошески, „Авалон“ / Прес на Влада со „Авалон“ / Фото: Слободен печат /Методи Здравев

„Мојата основна идеја беше дека ако славиме, треба да славиме. Ако е бал, треба да биде маскенбал. Без сериозна конкуренција, најголемото шоу на европски артист оваа година се вика ‘David Guetta Full Monolith Stadium Show’. Од музички, а особено од продукциски аспект, ова е нешто досега невидено во европски рамки, а можам да кажам и во светски рамки. И ние се потрудивме истото тоа шоу да го видиме и во Скопје на 8 септември“, рече Милошески.

Спeктaклот во Арената „Тодор Проески“ ќе биде бесплатен јавен настан со регистрација за симболична цена од 35 денари по човек, број кој директно асоцира на годинешниот државен јубилеј, со цел запазување на капацитетот на стадионот.

Бобан Милошески, „Авалон“ /
Бобан Милошески, „Авалон“ / Прес на Влада со „Авалон“ / Фото: Слободен печат /Методи Здравев

Секој корисник ќе биде ограничен на максимум 2 влезници, а дозволена ќе биде и регистрација од останатите држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот