Unsplash
Unsplash

Вкусови што се памтат: Посна македонска кујна – Вргањ со зеленчук (РЕЦЕПТ)

Божиќните пости кои траат 40 дена се голем предизвик како за верниците, така и за традиционалната македонска кујна. Традиционалното посно мени овојпат сакаме да го збогати со нови посни рецепти кои ќе бидат лесни за подготовка и вкусни за да уживате комплетно во постот.

За денеска ви препорачуваме едно јадење кое е многу лесно за подготовка, одличен избор за за љубителите на печурки, а притоа и одлична идеја за малку поинаков семеен ручек.

Вргањот е супер здраз избор за ручер, а кога ќе го надополните со зеленчук вкусот е неодолив.

Состојки:

– 400 гр. свеж вргањ
– 300 гр. компир
– 2 големи моркови или 4 помали
– 2 главици кромид
– 1 лажица мешан сув зачин
– 2 лажички шарена сол

Подготовка:

Најнапред измијте го убаво свежиот вргањ и исечкајте го на поситни парчиња. Потоа исечкајте го и кромидот, на ситно коцки, а морковот исечете го на тенки ленти.

Ставете го вргањот убаво да се свари, а додека се вари вргањот, земете една тава, ставете хартија за печење малку масло и наредете ги компирите да се печат. Како ќе ги исечете оставаме на вас, може на половинки може како помфрит.

Во тава додадете 200 милитри вода и 20 милитри масло, па потоа ставете ги да се динстаат сварениот вргањ, кромидот и морковот заедно на тивко додека не поруменат.

На крај зачинете со 1 лажичка мешан зачин и 2 лажички шарена сол. Сервирајте со печениот компир и уживајте во вкусот.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот