Вкусови од југот на Шпанија: Рецепт за оригинално андалузиско гаспачо

фото: инстаграм

Оваа шпанска ладна супа е совршена за жешки денови. Главната состојка на супата е доматот кој треба да биде совршено зрел и сочен. Ако немате квалитетни домати при рака, ве советуваме да не ни ја почнувате подготовката

​ Потребни состојки:

– 1 кг зрел домат
– 50 г кромид
– 1,2 чешниња лук
– 100 г краставица
– 50 грама зелена пиперка
– 100 мл маслиново масло
– 30 мл оцет
– околу 150 мл вода
– 1 лажица сол (или по вкус)
– крутони – по желба

фото: инстаграм

​Начин на подготовка:

– Зеленчукот исчистете го и исечете го на парчиња. Издвојте една четвртина домат, пиперка, краставица и кромид. Остатокот ставете го во блендер или мулти-практик. Може да користите и силен рачен миксер. Истурете во течноста, маслиново масло, вода, оцет и сол. Мелете сè за да достигне што е можно подобра конзистентност(околу 3-4 минути).
– Ако имате моќен електричен апарат, гаспачото треба да биде спремно за консумирање, но ако не сте успеале да постигнете нежна и фина конзистентност на смесата, не заборавајте да го обработите, да ги отстраните остатоците од кожата или семето од домати со помош на газа или сито.
– Оставете го во фрижидер 2 часа за добро да се излади(овој чекор не го прескокнувајте никако!).
– Пред сервирање, исечете ги одделените парчиња зеленчук на мали коцки. Зачинете ги со малку сол, маслиново масло и оцет. Посипете ги и додадете крутони во секоја порција или сервирајте одделно во чинии на масата, така што секој ќе става колку што сака.
– Ако сакате, можете да ставите две или три коцки мраз во секоја порција. Не претерувајте со мраз, бидејќи супата  се разредува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот