фото: твитер

Вирусот се шири во Серија А: Заразен нов играч на Јувентус!

Францускиот фудбалер на „Старата дама“ е 12 играч позитивен на Ковид-19, а освен Ругани, има уште седум заразени од Сампдорија и тројца од Фиорентина.

Фудбалерот на Јувентус, Блез Матуиди е позитивен на Ковид-19, соопшти денеска клубот од Торино.

Францускиот играч за врска е вториот фудбалер од италијанскот шампион кој е заразен, после Даниеле Ругани, а само уште еден во низата од клубовите во Серија А.

Матуиди е 12 играч позитивен на Ковид-19 во Серија А , а освен Ругани, на оваа листа се уште седум фудбалери на Сампдорија (Габиадини, Екдал, Ла Гумина, Торсби, Коли, Депаоли, Берешински) и уште тројца од Фиорентина (Влаховиќ, Кутроне, Пецела).

Иако Јувентус сите членови ги испрати во изолација, кога беше откриено дека Ругани има коронавирус, тоа не го спречи понатамошното ширење на вирусот во тимот на Маурицио Сари.

– Блез Матуиди ги помина медицинските тестови што покажаа дека е позитивен на вирусот Ковид-19. Фудбалерот е во изолација во својот дом од среда, 11 март. Неговата состојба ќе се следи внимателно во наредните денови. Тој е добар и досега нема никакви симптоми карактеристични за короната – велат од Јувентус во своето соопштение.

Сезонава во Серија А играчот на Јуве имаше 23 одиграни натпревари, а ја поминува своја трета година во дресот на „Старата дама“.

Во текот на вчерашниот ден шпанскиот клуб Валенсија објави дека скоро третина од екипата е позитивна на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот