Валенсија е најзагрозен фудбалски клуб во Европа!

фото: твитер

Тука не се во прашање само играчите, туку и стручниот штаб, па така сега третина од клубот мора да оди во изолација и се следат препокарите.

Валенсија уште минатата недела соопшти дека има пет позитивни на Ковид-19, но тој број во меѓувреме се зголеми.

Вечерва нови лоши вести доаѓаат од клубот од „Местаља“, односно нови членови на екипата и стручниот штаб се позитивни на коронавирусот.

Откако во текот на викендот беше соопштено дека заразени се Гарај (прв заразен играч во „Ла Лига“), Гаја и Мангала, и двајца членови на стручниот штаб, Валенсија сега објави ново соопштение во кое се вели дека денешните тестови потврдија уште позитивни тестови на коронавирусот и дека дури 35% од нив сега се заразени!

Тука не се во прашање само играчите, туку и стручниот штаб, па така една третина од нив мора да оди во изолација и се следат препокарите.

Клубот од „Местаља“ потврди дека ниту еден од горенаведените нема никакви симптоми, но сите ќе треба да поминат најмалку две недели во изолација.

Не е познато како се заразија, но се смета дека најризично беше патувањето во Милано на првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против Аталанта.

Потврдено е дека позитивен тест имаат двајца членови на лекарскиот тим кој патуваше во Италија, односно има девет нови заразени членови на сениорскиот клуб и вработените кои се поврзани со него.

Досега најзаразена екипа во Европа беше италијанската Сампдорија со седум позитивни, но сега тоа е Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот