Вирусологот Ана Глигиќ: Може да се случи коронавирусот да прерасне во сезонска болест

Д-р Ана Глигиќ е меѓународно признат вирусолог која пикот на кариерата го доживеала во време на епидемијата на малите сипаници во Србија. Иако е одамна во пензија д-р Глигиќ ја следи работата на помладите колеги и сигурно е една од најспособните да го објасни вирусот на нашата генерација – коронавирусот Ковид-19.

– Овој вирус се наоѓа во природата и кога човекот излегува во потрага за храна или ресурси, тој влегува во природното жариште и така го нарушува еколошкиот баланс. Така, според последните истражувања на кинеските експерти е откриено дека коронавирусот е 96 отсто идентичен со оној кој го имаат лилјаците. Овој вирус има потенцијал да се шири во воздухот, а тоа е најлесен и најбрз пат за пренесување, објаснува д-р Глигиќ за создавањето на коронавирусот на Н1.

Таа додава дека овој вирус експертите не ги загрижува заради стапката на смртност, туку заради брзината на ширење и начинот на кој што го оптерети здравството, а на крајот и светската економија.

Д-р Глигиќ вели дека по нејзино мислење најголем проблем е тоа што за вирусот многу малку се знае, а тоа го забавува и пронаоѓањето на вакцина. Таа додава дека се уште не се знае прецизни ниту инкубациониот период кај овој вирус, а за тоа време асимптомските пациенти можат да ја шират заразата.

– Може да се случи ова да прерасне во сезонска болест, бидејќи изворот на оваа инфекција е во природата и тоа не можеме да го контролираме. Сега треба да собереме што е можно повеќе примероци и да ги тестираме има ли имунитет на овој вирус. Односно дали се создаваат антитела после него, и најважно дали тие штитат. Потоа можеме да ја користиме крвната плазма на излечените луѓе за лечење на другите пациенти, вели докторката.

Таа на крајот потсетила на придржување на мерките, но и кога можеме да ја очекуваме вакцината.

– Избегнувајте секаков вид на контакт. Вакви природни инфекции најтешко е да се искоренат и без вакцини ова може навистина да порасне во сезонска болест, а мојата проценка е дека добра вакцина можеме да очекуваме за 18 месеци. Најмалку една година, заклучува д-р Глигиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот