ВИРАЛЕН ХИТ: Куче научило да лае тивко за да не им пречи на другите

куче
Фото: Принтскрин/Редит

Во летните месеци многу луѓе сакаат да одат на одмор со своите миленици. Сепак, кучињата на некои места се непожелни бидејќи нивното гласно лаење понекогаш ги вознемирува луѓето. Затоа ова куче кое стана вирален хит на социјалните мрежи знае да лае тивко, за никому да не му пречи.

Видеото е објавено на „Редит“ со наслов „Додека бевме во стан во кој беше забранено лаење, ова куче научи да лае шепкајќи“.

Кучето прво лае нормално, а потоа сопственикот го предупредува дека треба да лае малку потивко. Таа му објаснува дека мора да лае како да шепоти, на што тој навистина почнува лае „под здив“.

„Тоа е едно слатко паметно куче“, „Имав куче што се обиде да лае така, но звучеше како да кашла“, „Дарвин мора да е горд“, „Некој ве молам да ги научи моите корги да лаат така“, се дел од коментарите под видеото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот