Винченцо Монтела е новиот селектор на Турција

Како што се најавуваше во изминатиот период, тоа денеска го потврди турската фудбалска федерација.
После лошите резултати Штефан Кунц ја напушти селекторската клупа, а федерацијата веднаш пронајде замена.
Легендарниот италијански фудбалер, Винченцо Монтела официјално е новиот селектор на најдобрата репрезентација на Турција.
Монтела веќе има 10 години тренерско искуство, а голем плус претставува и фактор во текот на кариерата ја водеше и Адана, клуб кој се натпреварува во највисокиот ранг на турскиот фудбал. Воедно соработуваше и со Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Севиља.
Монтела своето деби се очекува да го има против Хрватска на 12 октомври во квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство 2024.