Вил Смит платил 100 000 долари за Њу Орлеанс да го одбележи „4 јули“

вил смит огномет њу орлеанс

Огнометот се вратил во Њу Орлеанс на американскиот „Денот на независноста“ благодарение на актерот Вил Смит.

Смит ја платил сметката од околу 100 000 долари за пиротехника наменета да биде употребена над реката Мисисипи откако дознал дека Њу Орлеанс не планира шоу од огномет во 2021 година, изјавиле властите на градот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lillian J. Small (@lillianjsmall)

Годишната општинска прослава по повод „4 јули“ на градот била загрозена поради недостаток на средства и откако морала да се откаже поради ковид пандемијата во 2020 година не изгледало дека ќе се врати годинава.

Градоначалникот Латоја Кантрел го коментирал гестот на Смит преку објава на „Твитер“, велејќи: „Огномет во продукција на „Go 4th on the River“ ќе се одржи во Њу Орлеанс покрај брегот на реката Мисисипи во 21 часот во недела, 4 јули 2021 година. Огнометот беше подарок овозможен од актерот и продуцент Вил Смит, заедно со неговата компанија Вестбрук“.

Вил Смит се наоѓал во Њу Орлеанс каде работел на неговиот последен филм „Еманципација“ во режија на Антоан Фукуа, кој ќе ја раскажува приказната за еден роб, Питер, кој избегал од плантажа во Луизијана и чијашто фотографија од лузни на грбот предизвикани од камшикување, ја открива бруталноста на ропството. Тој исто така ќе се борел на северната страна во Американската граѓанска војна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rick Erbach Photography (@rickerbach)

Смит ја преместил продукцијата на филмот од Џорџија во Луизијана на почетокот на април, откако Џорџија го донела новиот закон за гласање, кој предизвикал федерална судска постапка, велејќи дека ремонтот има за цел да им го забрани на црните гласачи еднаквиот пристап до гласачките ливчиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by L I F E (@life_peace_love_faith)

„Не можеме со чиста совест да обезбедиме економска поддршка на владата што донесува закони за регресивно гласање, наменети за ограничување на пристапот на гласачите“, рекле Смит и Фукуа во заедничката изјава во април, пренесува „Deadline“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот