Викторија Спенџарска Стин ни подготви банана „сладоледи“: Освежителна ужинка готова за 5 минути!

Викторија Спенџарска Стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот.

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да рекреирате некој од нејзините здрави рецепти.

Лесен летен ручек: Рецепт на Викторија Спенџарска Стин за полнети модри патлиџани

Денес Викторија споделува рецепт за банана „сладоледи“.

„Овие банана „сладоледи“ ни се супер хит дома за време на летото. Прелесна ужинка која може да ја направите за буквално пет минути или пак да ви биде како смислена активност да ја направите заедно со ваши деца. Во секој случај направете повеќе зошто ќе ги „снема“ од фрижидерот со брзината на светлината“, вели Викторија.

Потребни состојки:

– 3 банани
– 3 лажици путер од јатки (јас користев од лешници) или пак некој мармалад/џем кој вам
ви е омилен)
– 2 лажици мелени лешници (може и кикиритки, бадеми)
– за декорација црно и бело чоколадо, кокос, мелени семиња)

Викторија Спенџарска Стин
Фото: Приватна архива

Подготовка:

Постапката е прелесна, ја сечете бананата на пола и во секоја половинка ставате дрвено стапче. Премачкувате со путерот, ставате од мелените лешници и ги оставате во замрзнувач на хартија за печење. После неколку часа ги декорирате со стопена чоколада и спремни се за јадење. Сочувајте го овој брз рецепт и споделете со некој љубител на сладолед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот