Лесен летен ручек: Рецепт на Викторија Спенџарска Стин за полнети модри патлиџани

Викторија Спенџарска Стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да рекреирате некој од нејзините здрави рецепти.

Рецепт на Викторија Спенџарска Стин за супа од домати: Ручекот ќе ви биде готов за 20 минути!

Денес Викторија споделува рецепт за полнети модри патлиџани.

„Идеја за оброк што јас го нарекувам ‘чистка на фрижидерот’. Искористете ја сезоната на пиперки, патлиџани, тиквички, модар патлиџан – затоа што сега се највкусни. Во лето се трудам да јадам што е можно посвежа храна, но кога ќе забележам дека зеленчукот почнал да губи од свежината, ја вадам тавата и веднаш смислувам нешто“, вели таа.

Овој оброк може да си го направите само во тава и да не ги печете модрите патлиџани, изборот е ваш!

Потребни состојки:

– 2 мали модри патлиџани
– 1/2 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 1/2 тиквичка
– 1 пиперка
– 1 домат
– неколку печурки
– 3-4 лажици
– варена киноа

Викторија Спенџарска Стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Подготовка:

Издлабете ги модрите патлиџани и ставете ги да се печат 15-ина минути на 180 степени премачкани со маслиново масло. За тоа време се сечка зеленчукот и се запржува во тава со зачини по желба. Издлабените модри патлиџани се полнат со зеленчук и може да се јаде така или да се сервира со сос од таан и лимон. На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот