Рецепт на Викторија Спенџарска Стин за супа од домати: Ручекот ќе ви биде готов за 20 минути!

Викторија Спенџарска Стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот.

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да креирате некој од нејзините здрави рецепти.

Викторија Спенџарска Стин ни направи колачиња со јагоди и банани

Денес ни открива рецепт за освежителна супа од домати која можете да си ја подготвите уште овој викенд.

„Ова е еден прелесен рецепт во кој сигурно ќе се заљубите! А ако имате па и домашни патлиџани ќе ми бидете благодарни“, вели Вики.

Потребни состојки:

– 1,5 кг домати
– 1 кромид
– 1 коцка за супа
– 3 лажици маслиново масло
– босилек или оригано
– сол и бибер по желба

Викторија Спенџарска Стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Подготовка:

Измијте ги патлиџаните, исецкајте ги на неколку парчиња директно во блендер, додајте ги сите состојки и изблендирајте. Префрлете ја смесата во тенџере и варете околу 25 минути. Толку! Доколку сте љубители на зачинета храна ставете си и чили во прав, малку фета сирење, потпечено лепче и уживајте! Ако имате рачен блендер исецкајте ги патлиџаните директно во тенџерето со сите други состојки и додадете филџан вода. Нека се вари 25 минути и после изблендирајте. На здравје!

Видео на денот