Викторија и Дејвид Бекам од коронавирусот се кријат во карантин вреден 6,7 милиони евра (ФОТО)

профимедиа

Дејвид и Викторија Бекам во моментот се наоѓаат во самоизолација со своите деца во Англија…

Поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам (44) и неговата сопруга и модна дизајнерка Викторија Бекам (45) се сместени во луксузниот дом за време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот.

Последните недели неодоливите членови на ова семејство, Ромео (17), Круз (15) и Харпер (8) го документираа нивниот престој во вилата од 6,7 милиони евра.

Нивниот најстар син Бруклин (21) е во самоизолација со својата девојка Никола Пелц (24) во Америка, додека останатите деца се со родителите во Англија.

Тие со фановите на Инстаграм споделија фотографии на кои експериментираат во кујната, играат во дворот, а Дејвид дури и ја избричи гавата на крајот на минатата недела и сето тоа го забележа со камера.

инстаграм

Како што времето во Британија е се потопло, Бекамови можат конечно да го искористат својот голем двор пред вилата во кој имаат и базен, естонска сауна и парна бања.

профимедиа

Што се однесува на дневната соба, внатре има дрвени греди кои одат преку таванот, темни теписи на коцки, многу свеќи и огромен камин кој дава ефект на релаксирачки амбиент.

Во другата одлично стилски опремена просторија се наоѓа и домашното кино, со седишта кои се навалуваат, со држачи за пуканки и пригушено светло.

Круз има свој клавир во собата, а другите деца на социјалните мрежи неодамна споделија како возат квадови.

профимедиа

Како и повеќето семејства ширум земјата, Дејвид и Викторија ја преземаа обврската да ги образуваат своите деца во домот за време на карантинот и им се придружија на останатите познати личности кои ги советуваат сите да останат дома со цел да го спасат својот и животот на другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот