ВИДЕО | Тинејџер ослободен од обвиненијата за убиство на протестите во САД

Суд во Кеноша, Висконсин, пресуди ослободителна пресуда за Кајл Ритенхаус, кој лани за време на протести во градот поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џејкоб Блејк од страна на полицаец, стрелаше и усмрти две лица а повреди уште едно.

Според бранителите на Ритенхаус (18), во пукањето кое се случи лани во август, тој реагирал во самоодбрана во напад од лица кои учествувале во протестот.

Поротата заседаваше четири денови и потроши над повеќе од 25 часа во носењето на одлуката. Таа ги симна обвиненијата од Ритенхаус под пет точки.

Обвинителите се обидуваа да го претстават како активен стрелач, но најверојатно без успех во намерата да се убеди шесточлената порота. Набљудувачите укажуваат на грешки во пристапот и презентацијата на обвинителите.

Ослободителната пресуда за Ритенхаоус, кој имал седумнаесет кога ги изврши убиствата, ги разбрани духовите во САД и повторно ја истакна поделеноста меѓу десничарите и прогресивните сили, политизацијата на расата и заканата од белиот супрематизам (поединци и групи кои повикуваат на надмоќ на белата над другите раси).

Критичарите велат дека со ова се оправдува некого кој излегол на протести со полуавтоматска пушка, го зел законот во свои раце и стрелал во демонстранти иако заканата по неговиот живот не била смртна. Така, се охрабруваат и идни насилства во слични околности.

Поддржувачите ја пофалија ослободителната пресуда, што отсликува за светоста на Вториот амандман во САД кој предвидува слободно носење оружје и право на самоодбрана.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ја почитува одлуката на поротата „бидејќи нашиот систем на пороти функционира”.

Роднините и поддржувачите на убиените се подготвуваат да излезат на протести поради одлуката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот