ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Проф. Алексиќ: Како ученичка метев двор пред да помине цистерната, порано не беше срамота да работиш
Децата треба да работат, овде не мислам на експлоатирање на детски труд, туку да бидат ангажирани, да работат по дома, да работат и на училиште. Физичката работа помага во борбата со менталното здравје. Родителите да не ги караат туку почесто да ги фалат децата, да ги остават да погрешат, но да се обидуваат, ако, нека згрешат, така ќе научат. Ние имавме во гимназија предмет домаќинство. Не носеа на пракса во фабрики – вели професорката.
Менталното здравје треба да биде сеприсутна тема меѓу младите. Во образованието спoред професорката Тајана Алексиќ, оваa тема не е доволно опфатена, а дополнително, како што вели таа и надвор од училиштето е неопходна непосредна грижа од страна на родителот или старателот, тоа е основна алатка за борба против емоционалната нестабилност кај новите генерации.
– Во училиштата се читаат и се обработуваат теми поврзани со менталното здравје на Светскиот ден за превенција од самоубиства и на Светскиот ден за заштита на менталното здравје, но не е доволно само два дена да биде опфатена оваа важна тема.
Треба во текот на годината постојано да се работи на менталното здравје на децата и тоа со враќање на основните вредности.
Треба да се расте заедно со децата, родителите треба да бидат постојано со нив, да ги прашуваат, да учествуваат во нивните активности, како невидливи родители. Децата треба да се тргнат од компјутер и треба да читаат книги, лекот е во книгата – вели за „Слободен печат“ професорката Алексиќ.
Професорката нагласува дека децата треба да поминуваат време надвор.
– Децата треба што почесто да си играат во природа, кога ќе се вратат дома да бидат искинати и испарталавени, нема ништо лошо во тоа. Повеќе да се во простор, да се дружат надвор со топка, со џамлии, ластик … Треба да се љубопитни, да не го бараат одговорот на гугл туку во просторот, со прашување, со истаржување – вели таа.
Таа уверува дека физичката работа е спас за менталното здравје, потсетувајќи се на тоа како во минатото не било срамота да го видиш другарчето како помага дома, како работи.
– Децата треба да работат, овде не мислам на експлоатирање на детски труд, туку да бидат ангажирани, да работат по дома, да работат и на училиште. Физичката работа помага во борбата со менталното здравје. Родителите да не ги караат туку почесто да ги фалат децата, да ги остават да погрешат, но да се обидуваат, ако, нека згрешат, така ќе научат. Ние имавме во гимназија предмет домаќинство. Не носеа на пракса во фабрики. Порано не беше срамота да работиш, јас паметам дека секое утро метев пред да помине цистерната, чистев снег и не се срамев од тоа, тоа беше норамало – рече Алексиќ.
Депресијата нема симптоми
– Ме загрижува тоа што депресијата, анкциозноста, не се препознаваат, не може да навлезеш во психата на своето сопствено дете со кое што живееш, а не пак, во училница да препознаеш депресија. Не ретко се случува и деца кои се весели по природа, духовити во себе да се анкциозни. Не секое дете кое е интровертно значи дека има емоционална нестабилност, многу е тешко да се процени – вели нашата соговорничка.
Професорката проблемот го гледа и во тоа што денешната младина е преокупирана со виртуелниот свет и што е најтрагично не ги корисат паметно предностите на технологијата.
– Одиме во лоша насока, се става култ на физичкиот изглед споредувајќи се со вештачката интелигенција. Се следат тренодви кои ги глорифицираат парите, моќта, физичкиот изглед, а не духовното богатсво како суштина на животот – вели таа.
Учениците сакаат да дебатираат, ама не и да тропнат на врата
– Учениците сакаат да зборуваат и да дебатираат, отворени се за тоа, но ако имаат личен проблем не би тропнале на врата кај психологот, затоа што во тој случај веднаш ќе бидат осудени и исмевани од толпата, стигматизацијата е неминовна, со тоа уште се бориме – вели Алексиќ.
Професорката е загрижена за терминологијата на децата.
– Децата немаат „влакна на јазик“ сметајќи дека тоа е искреност не размуслуваат дека може да навредат некого. И не е тоа слобода на говор, тоа е невоспитаност! Децата треба да се научат дека не треба да се кажува сè, ако сите си кажеме едни на други што си мислиме светот во секунда ќе исчезне. Tреба да се научат да се воздржат – нагласува таа.
Пријавување на булинг е храброст.
– Емоционално инетлигентни се тие деца што имаат храброст да пријават булинг. На тој начин тоа дете се жртвува и ќе биде етикетиран од толпата, но така ќе ги спаси другите потенцијални жртви на булинг, со тоа ќе стане херој. Не е кукавичлук, храброст е да проговориш дека врз тебе некој врши насилство. И покрај потербата од поголем број на психолози во училиштата, поребни ни се и повеќе логопеди, дефектолози и најмногу од се љубов – рече Алексиќ.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Митова: Трудејќи се децата да бидат среќни забораваме да ги направиме одговорни