ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Митова: Трудејќи се децата да бидат среќни забораваме да ги направиме одговорни

Васка Митова - специјалист психијатар / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Не си тужибаба ако кажеш кај психологот или наставникот дека другарчето е жртва на некакво врсничко насиство, напротив херојски е да ги спсиш и другите со тоа што ќе спречиш нечие малтертирање – вели д-р Митова.

Околу 64% од младите во државата се депресивни, 56% од младите признале дека имаат суицидни мисли, високи 66% не се обратиле до училишниот психолог никогаш, а 70% финансиски не можат да си дозволат психотерапија. Ова се резултати од анкетата спроведена во рамките на „Националната сттратегија за ментално здравје кај младите 2024-2026 година“.

Повеќе фактори влијаат за тоа што процентите  за негативните трендови во однос на менталното здравје кај младите се во пораст, вели за „Слобден печат“ д-р Васка Митова, специјалист психијатар на Универзитетската клиника за психијатрија.

– Домашната статистика кореспондира и со светската статистика на ментално здравје кај младите, овде мислам и на младите во развиените земји, каде што 30% од младите страдаат од некаква форма на анкциозност. Младите од цел свет се во еден крик за помош – вели д-р Митова.

Недостатокот на психолози во училиштата е еден од водечките фактори кои влијаат на тоа процентите да растат во негативен правец.

– Ако пред 20 години еден психолог бил доволен во училиште, денес тоа не е така, потребно да се делува и во таа насока – рече таа.

Приватната психотерапија не е достапна за секого, посебно не за млада финансиски нестабилна личност, а од друга страна голем процент од децата се срамат да појдат кај психологот за да го споделат проблемот. Државните институции имаат стручни тимови на добри психолози, но оваа опција е непознат терен за мадите.

Докторката ги охрабрува децата да не се срамат да кажат дека имаат проблем, но нагласува дека и ако сте набљудувач не треба да молчите за туѓа несреќа.

– Не си тужибаба ако кажеш кај психологот или наставникот дека другарчето е жртва на некакво врсничко насиство, напротив херојски е да ги спсиш и другите со тоа што ќе спречиш нечие малтертирање – нагласува нашата соговорничка.

Д-р Митова нагласува дека е важно еден човек од најрана возраст да спознава за емотивна регулација и саморегулација. Општествена одговорност и задача е да се работи на тоа.

– Децата од најрана возраст треба да учат за емоции. Во тој поглед родителите се должни да ги научат своите деца дома, а понатаму градинките и училиштата треба да ги едуцираат за емотивна регулација. Мислам дека нештата се поместени од времето кога ние бевме деца и одиме кон добра насока – вели д-р Митова.

Според неа денес премногу се става акцент на слободата кај децата.

– Слободата е едната страна на паричката од другата страна е одговорнсота. Трудејќи се на децата да ги направиме среќни го изоставуваме моментот да ги направиме одговорни.

Дополнително, докторката, проблемот го гледа и во комуникацијата на социјалните мрежи каде што сè е дозволено и лошото не се казнува.

– Пишаната комуникација е различна од непорседната комуникација. Кога зборуваме лице в лице јас помжам да ја почувствувам вашата реакција доколку ве навредам, тоа ми прави рефлексија да сфатам дека грешам и дека границата е до тука. На интернет нема граници во тој поглед, секој на секого може да му напише што ќе посака и да го понижи, навреди. Никој никогаш не бил казнет за агресивно однесување на социјалните мрежи и оттаму произлегува сајбер булингот кој преминува во врсничко насолство и во училиштата – рече Митова.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Митова: Трудејќи се децата да бидат среќни забораваме да ги направиме одговорни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот