ВИДЕО+ФОТО | Џенифер Лопез со нова линија чевли: Назад во стилската игра

џенифер лопез
Фото: Принтскрин / Instagram

Џеј Ло се „враќа во игра“ со нова есенска колекција на чевли за нејзината линија со „Design Shoe Warehouse“ („DSW“).

„Стиснете Плеј“ и бидете подготвени да бидете изненадени – пристигна новата линија на чевли на Џенифер Лопез за оваа есен.

Линијата едноставно насловена „JLo Jennifer Lopez“ ја промовираше новата колекција со забавно видео инспирирано од видео игра, кое со стил, оптимизам и игривост нè инспирира да се „вратиме во игра“.

„Вратете се во стилската игра!“ е слоганот на новата есенска колекција.

Промотивното видео претставува неколку модели кои се дел од колекцијата, меѓу кои највозбудливи се чевлите со истиот дизајн на потпетиците кои Џенифер ги носеше на овогодинешната Мет Гала 2021.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DSW Designer Shoe Warehouse (@dsw)

Сандалите со Идолина платформа, кои си најдоа свое место во колекцијата, Џеј Ло ги носеше на црвениот килим на еден од најголемите настани на модни претставувања на годината. Сребрените металик стилето потпетици со спирална алка беа спарување на аутфит од „Ralph Laurent“ од наметка и шешир, инспирирани од „Дивиот Запад“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Еден од повпечатливите изгледи претставени на видеото се сандалите „Daya“ со проѕирна полна „PVC“ потпетица и сребрена спирална алка која се обвива околу зглобот, која Џенифер Лопез ги спари носејќи светкаво розево исцело боди.

Новиот опус на колекцијата опфаќа секаков тип на „чевли со карактер“, од тренди патики, преку запрепастувачки сандали со монисти, високи чизми над колена.

Линијата, која за прв пат беше лансирана минатата година, содржи чевли кои за достапни цени ги нудат и гламурот и практичноста во која уживаат големите светски ѕвезди.

Новата линија на „JLo Jennifer Lopez“ е пуштена во продажба од 28 септември, а е достапна во САД, Канада и онлајн на сајтот на „DSW“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот