ВИДЕО| Црногорската влада се распадна, неколку стотици луѓе протестираат против рушењето на кабинетот на Кривокапиќ

принтскрин јутјуб

Неколку стотици граѓани се собраа пред Владата на Црна Гора и го изразија своето незадоволство од иницијативата на коалицијата „Црно-бело“ да и се изгласа недоверба на Владата на Здравко Кривокапиќ и да се формира малцинска влада.

Митингот е мирен, а насобраните извикуваат пароли на сметка на вицепремиерот Дритан Абазовиќ и претседателот на СНП Владимир Јоковиќ.

Не се знае кој е организатор на протестот, а се шпекулира дека зад се стојат поддржувачи на премиерот Здравко Кривокапиќ.

Граѓаните го блокираа сообраќајот, а се уште немаме информации кој е организатор на овој протест. Присутните тврдат дека собирот го виделе на интернет и се приклучиле на протестот.

– Тука сме да ја одбраниме победата остварена на 30 август, а со нашиот народ ќе бидеме на улица кога и да треба, еден од пратениците кои се приклучија на протестие.

Насобраните граѓани ги скандираа зборовите „предавство“, но и на Дритан Абазовиќ му порачаа дека бараат негова смена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот