ВИДЕОАНКЕТА | Дали е скап училишниот прибор?
Остана помалку од еден месец до почетокот на училишната година. Многу родители се соочуваат со сè поголеми трошоци за набавка на училишен прибор, но се и разочарани од квалитетот на образованието.
Препорачано
Ги прашавме граѓаните колку е скап училиштниот прибор и дали може без проблем да го купат за своите деца, но и каква вредност има училишниот систем во Македонија?
Родителите кои имаат деца што наскоро ќе започнат со настава велат дека ситуацијата е алармантна:
-Имаме деца. И сметаме дека е катастрофа – велат дел од анкетираните!
Повозрасните граѓани го споредуваат сегашното образование со тоа од минатото, и не го кријат разочарувањето:
– Училишниот систем е слаб! – изјави еден господин, споредувајќи го системот со оној од времето на комунизмот.
Во однос на финансиската поддршка за учениците, дел од анкетираните одговорија дека помошта од државата е неопходна.
-Да. Задолжително – додаде еден родител на претшколски деца, кој како и многу други се соочува со високи трошоци за опрема, ранци и книги.
-Треба да ги снабдат децата со прибор, ранци, сè што треба. Мислам, прибор може не, ама книги, ранци, секако – додаде еден господин.
Младите исто така не гледаат многу причини за оптимизам за новите генерации кои доаѓаат.
-Мислам дека треба уште многу да се работи за да се поправи овој систем, бидејќи има многу недостатоци и ние сме многу поназад од другите земји со кои сакаме да се споредиме- одговорија тие.
Гледајќи ја инфлацијата и економската гледна точка, ситуацијата не е подобрена, објаснуваат граѓаните.
-Со книгите отсекогаш имало проблем па затоа тука се училиштата, општините, кои помагаат да се набават учебници – рече еден минувач, кој и сам бил принуден повеќето од книгите да ги принта на своја сметка.
-Инфлацијата е висока и не може секој човек да се соочи со тоа – сподели еден загрижен родител


