Никол Кидман - Скарпета: Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | „Знам да ги извадам сите органи“: Никол Кидман откри каква морничава вештина научила во серијата „Скарпета“

Никол Кидман ја игра главната улога на докторката Кеј Скарпета во серијата „Сарпета“ (Scarpetta), адаптација на популарните криминалистички романи на Патриша Корнвел. Таа ја толкува брилијантната главна судско-медицинска истражителка, решена да разоткрие сериски убиец и да докаже дека случајот кој ѝ ја обележал кариерата пред 28 години нема да стане и нешто што ќе ја уништи.

Џејми Ли Кертис ја игра нејзината намќореста и необична сестра Дороти Фаринели.

Приказната ја следи Скарпета од нејзината работа во канцеларијата од 90-тите години, па сè до денес, кога се враќа во родниот град за повторно да ја преземе старата позиција и да истражи брутално убиство.

Гостувајќи кај Џими Фелон, Никол Кидман откри дека за потребите на улогата научила како да направи обдукција.

„Знам да ги извадам сите органи. Можам и да ги именувам“, изјави актерката и додаде дека е благодарна што имала можност да учи со искусен судско-медицински експерт и детално да ги проучи сите процедури.

Таа објасни дека брзо ја совладала анатомијата и техниките бидејќи тоа е „дел од работата“, па од серијата научила како да ги отстрани белите дробови, црниот дроб, жолчното ќесе и цревата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот