ВИДЕО | Змија во авионот: Била пронајдена во кабината за време на летот

Фото: Принтскрин/ ТикТок

На лет од главниот град на Тајланд, Бангкок до јужната провинција Пукет, патниците откриле жива змија во авионската кабина, јавува „Си-ен-ен“.

Змијата е пронајдена за време на летот на 13 јануари од меѓународниот аеродром Дон Муанг во Бангкок и сѐ уште не е познато за каков вид станува збор.

„Стјуардесите беа известени пред слетувањето во Пукет откако патник забележал мала змија во багажот над седиштата“, рекол во изјавата Фол Пумпанг, шеф на корпоративната безбедност на тајландската авиокомпанија „ЕрАзија“, додавајќи дека екипажот на компанијата бил добро обучен да се справи со ситуацијата, како и дека патниците биле превентивно преместени.

Авионот слетал без инциденти, се вели во соопштението на компанијата и веднаш бил прегледан од соодветните инженерски и безбедносни тимови на теренот.

„Според стандардната процедура за инцидент од ваква природа, авионот беше подложен на длабоко чистење и дезинсекција пред да продолжи со работа“, додаде Фол.

„Безбедноста и благосостојбата на нашите гости и членови на екипажот е секогаш наш главен приоритет и во ниту еден момент нивната безбедност не била изложена на било каков ризик“.

Ова е втор пријавен инцидент на змија пронајдена во авион на ЕрАзија. Во февруари 2022 година, бил пронајден питон на еден од неговите домашни летови во Малезија, кој патувал од главниот град Куала Лумпур до Сабах. Авионот завршил пренасочен кон меѓународниот аеродром Кучинг во државата Саравак поради инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот