ВИДЕО: Зидан е доктор за ЛШ, неговиот Реал носи два гола предност во Ливерпул

epa09119377 Real Madrid's striker Vinicius Jr celebrates after scoring the 3-1 goal during the UEFA Champions League quarter final first leg soccer match between Real Madrid and Liverpool FC held at Alfredo Di Stefano stadium, in Madrid, central Spain, 06 April 2021. EPA-EFE/Kiko Huesca

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа со 3:1 против Ливепрул во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Двоен стрелец на Реал беше Винисиус Жуниор, а во листата на стрелци се запиша и Марко Асенсио, додека голот за Ливерпул го постигна Мохамед Салах.
Реал Мадрид во целост го надигра Ливерпул, посебно во првото полувреме во кое имаше предност од 2:0, а Зинедин Зидан уште еднаш покажа дека е доктор за Лигата на шампионите.

Иако не можеше да смета на стоперите Рамос и Варан, напаѓачите на Ливерпул во првото полувреме не упатија ниту еден шут во рамките на голот на Куртоа. Тактичката надмоќ на теренот, на „кралевите“ им донесе три гола, првиот во 27. минута беше дело на Винисиус,  а девет минути подоцна Асенсио ја искористи катастрофалната грешка на Трент Александер-Арнолд и зголеми на 2:0.

Во второто полувреме, Салах внесе неизвесност во голот во 51. Минута, но одговорот на Реал дојде 14. минути подоцна кога Винисиус го постави конечниот резултат.
Реваншот е закажан за 14. април на „Енфилд“ каде Реал носи два гола предност.

Во вториот натпревар, Манчестер сити со 2:1 ја совлада Борусија Дортмунд.
„Граѓаните“ ја искористија првата шанса, по грешката на Џан на средина на теренот, Кевин де Брујне повлече контра и по двојното додавање со Марез, го отвори резултатот.
Во финишот од натпреварот, во 84. минута, Борусија Дортмунд преку Марко Ројс успеа да израмни, но во последната минута Фил Фоден му донесе триумф на Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот