ВИДЕО: Жињак за полуфинале на Тигрес на Светското клупско првенство!

Фото: EPA-EFE/ABBAS ALI

Фудбалерите на мексиканскиот Тигрес се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во Катар.

Тигрес после пресврт го елиминираше Улсан со 2:1 во Ал Рајан, откако корејскиот клуб водеше од 24 минута со голот на Ки-Хе Ким.

Францускиот напаѓач Андре-Пјер Жињак направи целосен пресврт за триумф со головите во 38 и од пенал во 45 минута. Тигрес во полуфиналето ќе игра против бразилската екипа на Палмеираш.

Вториот полуфинален дуел ќе биде познат по натпреварот помеѓу домашниот Ал Духаил и Ал Ахли од Египет. Победникот од тој дуел ќе игра со победникот во европската Лига на шампионите, Баерн Минхен.

Полуфиналето ќе се игра на 7 и 8 февруари, додека финалето е закажано за 11-ти на новиот стадион изграден за Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот