ВИДЕО | Жестока расправија на „Скај“ помеѓу Кан и Матеус поради Нагелсман

Фото: Screenshot

Во Германија вчера се играше големото дерби помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, а возбудливо беше и во емисијатана „Скај Спорт“ каде што во расправија влегоа директорот на Баерн, Оливер Кан и фудбалската легенда на Германија, Лотар Матеус.

За Матеус е неприфатливо тоа што италијанските медиуми први објавиле за отказот на Нагелсман, но Кан имаше одговор.

„Катастрофа е тоа што му се случи на Нагелсман. Веќе кажавме дека информацијата не ја дал никој од клубот. Нема смисла да даваме такви информации, со тоа самите себе би си пукале во нога. Јасно е дека прво го известивме Нагелсман, тоа беше тешка ситуација“, изјави Кан.

Водителот на емисијата на „Скај Спорт“, Себастијан Хелман постави прашање дали требало прво даразговараат со Нагелсман и да му соопштат дека добил отказ, па потоа да преговараат со Томас Тухел.

„Можеби тоа така за вас функционира, но во реалниот свет е поинаку. Се додека немаме потврда од некој тренер, не можеме да носиме предвреме такви одлуки. Мораме да имаме јасна ситуација. За жал, Јулијан не можеше да дојде во клубот затоа што беше на одмор“, одговори Кан.

Матеус сметаше дека слоганот на баварскиот гигант „Mia san mia“, кој значи „Ние сме оние кои сме“, повремено се гази.

„Не сакам да водам војна со тебе. Слободно повикај ме во било кое време. Не велам дека ситуацијата станала полоша, туку дека работите се промениле. Новото раководство има поинаков стил“, објасни Матеу.

Кан не можеше да премолчи и ја продолжи дискусијата.

„Можеби некој има слабо памтење. Во минатото секогаш се носеле тешки одлуки за клубот да успее. Не е секогаш лесно“, одговори Кан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот