ВИДЕО | Жена се породи во авион пред очите на шокираните патници

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Набргу откако се качила на меѓународен лет на почетокот на овој месец, бремена жена била принудена да се породи во авионот, пишува „Њујорк пост“.

Патниците аплаудирале во авионот на „Pegasus Airlines“ кој требал да лета од Истанбул за Марсеј, Франција, додека болничарите на меѓународниот аеродром Сабиха Гокчен брзале за да ѝ помогнат на жената, која го родила своето дете неколку моменти пред полетувањето.

Во видеото се гледа како патниците се поткреваат од седиштата за да видат што се случува, додека болничкиот персонал ѝ помагал на патничката да го донесе на свет своето бебе.  Еден патник дури и собирал бебешка облека од други патници за да ѝ ги даде како подарок на мајката за детето.

Според извештаите , трудницата почнала да чувствува интензивни породилни болки додека екипажот на летот ги правел последните подготовки за полетување.

Стјуардесите ѝ пружиле прва помош на жената пред да ја преместат во задниот дел од авионот за породување.
Болничар го изнел повиеното новороденче од авионот, а тоа потоа со возило на брза помош било однесено во блиската болница за понатамошна нега.

Интересно е што овој настан се случил на денот кога авиокомпанијата го пуштила во употреба својот 100-ти авион по повод 100-годишнината од формирањето на Турската Република.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот