ВИДЕО | „Закотвен“ на карпа: Хотел – брод за крстарење долг 165 метри во Јужна Кореја сè уште го привлекува вниманието на туристите
Ако го погледнете „Sun Cruise Resort & Yacht“ од далечина, ќе ви изгледа како да гледате во брод за крстарење закотвен на висока карпа.
Тоа е всушност хотел во Јенгдонјин на источниот брег на Јужна Кореја кој е позициониран да го привлече вниманието на туристите.
Овој брод е долг 165 метри и висок 45 метри. Вклучува околу двесте соби и апартмани, шест ресторани во кои се служи европска и корејска кујна, како и голем број спортски сали, меѓу кои и терен за голф, пишува „Пункуфер“.
Се верува дека „Sun Cruise Resort & Yacht“ е првиот хотел во стил на брод за крстарење на копно, па не е изненадување што привлекува големо внимание кај локалното население и кај меѓународните патници. Соба во него може да се резервира по цена од приближно 80 евра за ноќевање.
За да го подобрите впечатокот дека сте на брод, хотелот пушта звуци на бранови, а базенот е исполнет со солена вода. До хотелот има неверојатен парк со скулптури со прекрасен поглед на околината.