ВИДЕО: За сите времиња – мајсториите на неповторливиот, фудбалскиот „магионичар“ Лео Меси

Фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Лионел Меси после 21 година ја завршува соработката со Барселона каде што остави голема трага воопшто во фудбалскиот свет.

Аргентинецот севкупно во дресот на каталонскиот гигант запиша 778 натпревари, 672 голови и 305 асистенции. Шестпати ја освојуваше „Златната топка“ за најдобар европски фудбалер на годината во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година.

Вкупно 10 пати дојде до титулата во шпанската „Ла Лига“, по седум во „Копа дел Реј“ и шпанскиот Суперкуп.

Четирипати ја покори Лигата на шампионите, а по трипати УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство.

Со аргентинската репрезентација немаше толку успеси како на клупски план, но летово успеа барем со репрезентативните колеги да дојде до трофејот на „Копа Америка“.

Иако Меси во изминатата година неколку пати беше на чекор да ја напушти Барселона, тој на крајот успеа да се договори со клубот за продолжување на соработката. Меѓутоа, сега немаше избор и тој мора да си замине. За ова е виновен финансискиот колапс на Барселона.

Официјално: Шок на Камп Ноу, Лионел Меси и дефинитивно ќе ја напушти Барселона!

– Барселона не може да го регистрира Меси

– И покрај тоа што Барселона и Лионел Меси постигнаа договор и покрај јасната намера на двете страни да потпишат нов договор денес, тоа не може да се случи поради финансиски и структурни пречки (регулација на шпанската лига).

Како резултат на оваа ситуација, Меси нема да остане во Барселона. Двете страни жалат што желбите на играчот и клубот нема да бидат исполнети. Барселона од сè срце му се заблагодарува на играчот за неговиот придонес во клубот и му посакува сè најдобро во иднина во неговиот личен и приватен живот – ова е официјалното соопштение на Барселона по повод заминувањето на Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот