Официјално: Шок на Камп Ноу, Лионел Меси и дефинитивно ќе ја напушти Барселона!

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Како што и најавија денешните разговори, и дефинитивно Аргентинецот нема да потпише нов договор со каталонскиот клуб.

„Бомбата“ прво ја објави шпанскиот реномиран весник „Марка“, кој на својата насловна страница објави дека нов договор меѓу Лионел Меси и Барса е речиси невозможен, а набргу потоа и самиот клуб излезе со соопштение и рече дека соработката нема да биде продолжена.

До неодамна, Меси се одмараше на јахта со поранешните соиграчи Луис Суарез и Цеск Фабрегас, а потоа пристигна во Барселона во текот на денот во четвртокот, каде што неговите претставници беа на иста маса со управата на Барса, и наместо рутинска завршница, се случи изненадувачки пресврт во преговорите.

Договорот на Аргентинецот истече летово, се споменуваше дека ќе игра уште две години, и дека потоа ќе замине во Интер од Мајами, а потоа ќе се пензионира на Ноу Камп како амбасадор на клубот. Сепак, со денешното официјално соопштение дефинитивно завршува една фудбалска ера.

И сега секако повторно се поставува прашањето каде Меси ќе ја продолжи кариерата и дали ќе ја продолжи, а се шпекулираше претходно трансфер во ПСЖ, Манчестер сити..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот