ВИДЕО | За секој секс по 6 долари: Пар откри како заштедува 1.300 долари секоја година

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Брачен пар од Мексико заработил пари на интересен начин – тие заштедуваат над 1.300 долари едноставно со ставање 6 долари во касичката за штедење секој пат кога имаат секс, пишува „Њујорк пост“.

Фани Кастеланос (26) и нејзиниот свршеник Џезус (29) ја споделија својата финансиска тајна во неодамнешниот клип на ТикТок кој собра 25 милиони прегледи.

Овој интересен пар си поставил откачен предизвик за заштеда на готовина минатиот јануари, откако доживеал парични неволји среде пандемијата ковид-19.

Во рок од една година, тие заштедиле 1.320 долари – што значи дека имале секс 220 пати за 12 месеци.

„Бевме изненадени, полнењето на три касички ‘прасиња’ беше неверојатно“, рекол Кастеланос во интервјуto за NeedToKnow.online, велејќи дека штедењето било многу полесно кога уживале во „секој вкусен момент заедно“.

@fannycastellanosrdz Millonarios de amor 🤌🏼✨ @Elyisus #novios #ahorros #enero2022 #enero2023 #fypシ ♬ sonido original – Fanny Castellanos


Двојката првично немала план што да прави со својата заштеда, велејќи дека едноставно чуваат пари настрана за неочекувани сметки и итни случаи. Меѓутоа, откако се свршиле минатиот септември, сега планираат да ги вложат парите во медениот месец.

Мексиканската двојка ќе продолжи со овој начин на штедење и во 2023 година – а судејќи според коментарите под видеото, тие инспирирале и други млади парови.

Луѓето воодушевено ја коментираат и поддржуваат нивната идеја, а има и такви кои се шегуваат за својот љубовен живот.

„Мојата касичка во тој случај би била празна“ и „Немате поим колку сте среќни“, се само дел од коментарите.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот