Алекс Адетокумбо/Milwaukee Bucks

ВИДЕО | За првпат тројца браќа станаа дел од ист тим во НБА

Алекс Адетокумбо го имаше својот деби настап за Милвоки во триумфот над Далас, а на тој начин испиша и историја во најсилната кошаркарска лига во светот.

24-годишниот кошаркар доби скромна минутажа од три минути, но успеа да постигне три поени, што беше негов прв настап сезонава за тимот од Милвоки. Со неговото вклучување во ростерот, за првпат се случи тројца браќа да бидат дел од ист НБА состав. Иако Алекс, Танасис и Јанис не беа заедно на теренот на овој натпревар, самиот факт што најмладиот од браќата доби шанса значи дека официјално е дел од тимот.

„Сега можам да се пензионирам. Сè направив“, се пошегува Јанис во моментите кога неговиот брат ги реализираше слободните фрлања.

„Неверојатно е. Да ги гледам моите браќа како ме поддржуваат и водат… Сонував за ваков момент и конечно го доживеав. Сонот ми се оствари. Јас пораснав во Милвоки и ова што се случи е навистина лудо. Не можам ни да избројам колку натпревари на Бакс имам изгледано“, додаде Алекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот