ВИДЕО | За идентична ситуација како вчера во Минхен, судија досуди пенал во Португалија
Фудбалерите на Баерн Минхен останаа без пласман во големото финале од Лигата на шампионите, откако во двомечот беа елиминирани од ПСЖ со вкупни 6-5.
Препорачано
Во таборот на германскиот гигант сметаат дека реваншот бил обележан со сериозни судиски грешки, прво поради несанкционирањето на остар старт на Нуно Мендеш, кој според нив заслужувал исклучување, а потоа и поради недосудениот пенал по спорната ситуација во шеснаесетникот.
Контроверзиите се однесуваат на момент кога топката во шеснаесетникот го погоди во раката Жоао Невеш по исфрлувањето на Витиња, тогаш нивниот сонародник судијата Жоао Пињеиро не покажа на белата точка.
Интересно е што во Португалија пред една година била забележана идентична ситуација во која тогаш арбитрот покажа најстрога казна.
Тогаш, по удар на Педро, топката го погоди Неуен Перез во рака, по што судијата Клаудио Переира веднаш покажа на белата точка, што дополнително ги засили реакциите околу последниот европски меч.
A strange paradox involving Portuguese referee João Pinheiro!
A handball by João Neves was not awarded as a penalty ❌
Despite an identical situation in the Portuguese league being naturally awarded as a penalty by the same referee ✅ pic.twitter.com/zMKWdjiPFW
— Football Pundit (@footballpunditX) May 7, 2026
Компани лут на судиите: Се надевам дека наредната година ќе судат за нас
Баерн со право не добил пенал по играта со рака на Невеш, велат правилата на ИФАБ


