Баерн Минхен/EPA/ANNA SZILAGYI

Баерн со право не добил пенал по играта со рака на Невеш, велат правилата на ИФАБ

По реваншот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите, реакциите околу судењето на Жоао Пињеиро не стивнуваат, а посебно внимание привлече спорната ситуација со недосудениот пенал за германскиот тим.

ПСЖ со вкупни 6-5 обезбеди место во финалето, откако по триумфот од 5-4 во Париз, во Минхен одигра 1-1 и ја заврши работата на „Алијанц Арена“.

Сепак, по натпреварот најмногу се зборува за одлуките на португалскиот арбитер. Голем дел од фудбалската јавност смета дека Баерн бил оштетен уште во 27. минута, кога Нуно Мендеш не доби втор жолт картон.

Дополнителни полемики предизвика и ситуацијата во која Жоао Невеш играше со рака во сопствениот шеснаесетник, при што раката му беше крената речиси до висина на главата. Иако многумина очекуваа пенал за Баерн, според официјалните правила судијата донел исправна одлука.

Според толкувањето на Меѓународен одбор за фудбалски правила (ИФАБ), не се смета за играње со рака доколку топката играчот го погодила во рака по шут на негов соиграч, а притоа топката не оди кон голот.

Токму на ова правило се повикал Пињеиро, кој останал доследен на официјалните насоки, иако дел од јавноста смета дека ваквото правило остава простор за контроверзии.

Сепак, фудбалските фанови често сведочат на различни судиски критериуми во слични ситуации, па многумина веруваат дека со друг судија исходот на оваа одлука можел да биде поинаков.

Компани лут на судиите: Се надевам дека наредната година ќе судат за нас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот