ВИДЕО | „Времињата се сменија“: Една од најчестите сцени од серијата „Симпсонови“ заминува во историјата

Фото: Принтскрин / Јутјуб

По 34 години емитување и повеќе од 750 епизоди од анимираната серија „Симпсонови“, се случува значителна промена кога станува збор за ликот на Хомер, пренесува „Индепендент“.

Една сцена честопати можевме да ја видиме во анимираната серија која го вклучуваше Хомер како го прекорува своето палаво најстаро дете Барт цврсто стискајќи го неговиот врат, до таа мера што очите и јазикот му се испакнуваат.

И покрај тоа што е една од најпрепознатливите карактеристики на динамиката татко-син меѓу Хомер и Барт, оваа интеракција во популарната серија беше често критикувана поради нејзината бруталност.

Но, во третата епизода од 35-та сезона, Хомер е прикажан како вели дека го променил својот однос, кога тој и неговата сопруга Марџ ќе го посетат нивниот нов сосед Тајер.

Во епизодата Хомер се ракува со новиот лик кој забележува колку е цврст стисокот на Хомер.

„Гледаш, Марџ, давењето на момчето се исплатеше. Се шегувам, веќе не го правам тоа. Времињата се сменија“, вели ликот на Хомер.

Инаку, епизодата првпат се емитуваше на 22 октомври, но гледачите почнаа да разговараат за оваа сцена само неколку дена подоцна. Повеќето обожаватели со ентузијазам ја прифатија промената на ликот.

Последен пат ликот на Хомер беше прикажан како го дави ликот на Барт во 31-та сезона, која се емитуваше во 2019 и 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот