Фото: Принтскрин

ВИДЕО | „Војник лежи во локва крв, ечат сирените“ – објавени се први снимки по пукањето кај Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда се застрелани во Вашингтон, само неколку блока оддалечени од Белата куќа, соопшти министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем.

Со војниците во болница била пренесена и уште една личност чиј идентитет не е познат.

На местото има силно полициско присуство, а како што се гледа на фотографиите, дел од градот е ограден со жолта лента.

Војник лежи во локва крв

Една од подраматичните фотографии е онаа на која се гледа како ранетиот војник лежи во локва крв. Осомничениот е приведен, соопшти метрополитанската полиција на Вашингтон, но неговиот идентитет не е објавен.

Состојбата на повредените сè уште не е позната.

„Белата куќа е свесна и активно ја следи оваа трагична ситуација“, изјави портпаролката Керолајн Ливит и додаде дека претседателот на САД Доналд Трамп е информиран за пукачката.

ВО ЖИВО | Пукање во близина на Белата куќа, има повредени

„Животното што пукаше ќе плати висока казна“ – Трамп соопшти детали за инцидентот кај Белата куќа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот