Доналд Трамп / Фото: ABC News / screenshot

„Животното што пукаше ќе плати висока казна“ – Трамп соопшти детали за инцидентот кај Белата куќа

Неколку лица беа застрелани вечерва во Вашингтон, меѓу кои и двајца припадници на Националната гарда на САД, според извор запознаен со првичните извештаи и полициски официјален претставник.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека ранетите припадници на Националната гарда се во критична состојба.

Американскиот претседател го нарече напаѓачот „животно“ и изјави дека осомничениот „ќе плати многу висока цена“. Напаѓачот е тешко ранет.

„Боже, благослови ја нашата Голема национална гарда и сите наши воени и полициски службеници“, напиша Трамп на Truth Social.

Осомничениот за пукањето е уапсен, соопшти полицијата.

ВО ЖИВО | Пукање во близина на Белата куќа, има повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот