Никола Јокиќ/Denver Nuggets

ВИДЕО | Во НБА ништо ново: Јокиќ се израмни со Вестбрук и го водеше Денвер до пресврт

Кошаркарите на Денвер на свој терен во Колорадо славеа по голем пресврт против Јута и ја продолжија серијата победи, во натпревар кој донесе вистинска драма до самиот крај. Иако важеа за апсолутни фаворити, домашните до триумфот од 135:129 стигнаа дури во неизвесна завршница, предводени и во овој натпревар од фантастичниот Јокиќ, кој повторно запиша трипл-дабл.

Српскиот центар мечот го заврши со 33 поени (11/15 за два поени, 2/2 за три поени, 5/8 од линијата за слободни фрлања), 15 скока и 12 асистенции. Со тоа стигна до 31. трипл-дабл оваа сезона, односно 195. во кариерата. Воедно, ова беше четврти последователен натпревар на кој Јокиќ бележи најмалку 25 поени, 15 скока и 10 асистенции, израмнувајќи се со својот поранешен соиграч Расел Вестбрук. Тие двајца се единствените во историјата на лигата со ваков подвиг.

Иако Денвер имаше контрола во првата четвртина, Јута во продолжението го презеде ритамот и целосно го сврте текот на средбата. Гостите беа особено опасни во финишот на третата четвртина, кога постигнаа дури 43 поени и ја разнишаа одбраната на домаќините. Сепак, Јокиќ со тешка тројка со звукот на сирената ја намали негативата на седум поени пред последниот период.

Во последната четвртина Јута стигна и до двоцифрена предност (123:110) на помалку од седум минути до крајот, најавувајќи изненадување. Но, тука следуваше силен одговор на Денвер. Џамал Мареј ја иницираше серијата, се приклучи Арон Гордон, а Тим Хардавеј со сигурни слободни фрлања дополнително ја намали разликата.

Во драматичниот финиш, при резултат 126:126, Кем Џонсон погоди тројка од аголот за израмнување, а потоа и уште една за водство од 132:129 на 18 секунди до крајот. Конечниот удар го постави Мареј со нови три поени по една украдена топка.

Покрај Јокиќ, значаен придонес даде токму и Мареј со 31 поен, 14 асистенции и шест скока, додека Хардавеј додаде 21 поен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот