Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Во Ирска падна еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот

На дербито за врвот на табелата во Ирска помеѓу Сент Патрик Атлетик и Бохемијас во Ирска вчера беше постигнат еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот.

Гостите стигнаа до водство по само осум секунди игра. Веднаш по изведувањето од центарот, топката беше вратена до голманот, кој со долг пас го пронајде Даглас Џејмс-Тејлор. Тој со гради асистираше до Маркус Стродс, кој со прецизен удар од дистанца ја затресе мрежата на домаќините.

Овој погодок влегува во редот на најбрзите во историјата на фудбалот. За апсолутен рекорд и натаму се смета голот на Рикардо Оливера, кој во 1998 година погоди по само 2,8 секунди настапувајќи за Рио Негро Капитал, директно по почетниот удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот