ВИДЕО: Вилијамс и Богдановиќ за израмнување во финалето против Милвоки
Кошаркарите на Атланта убедливо го совладаа Милвоки со 110:88 и дојдоа до израмнување на 2:2 во финалната НБА серија на Источната конференција.
Покрај одличните перформанси на Лу Вилијамс и Богдан Богдановиќ, мечот го обележа и повредата на играчот на Бакси, Јанис Адетокунбо.
Хокси израмнија иако им недостасуваше Треј Јанг поради повреда, а тоа им успеа најмногу благодарение на Вилијамс кој реализираше 21 поен, додаде пет скокови и осум асистенции. Српскиот интернационалец Богдановиќ го следеше со 20 поени, три скокови и пет асистенции.
Првата ѕвезда во редовите на Милвоки, Гркот Адетокунбо за нешто повеќе од 24 минути игра постигна 14 поени и осум скокови, а уште не е позната тежината на неговата повреда.
Најефикасен во дресот на Бакси беше Џру Холидеј со 19 поени, девет асистенции и пет скокови. Наредниот дуел е закажан за два дена во Милвоки.