ВИДЕО | Вил Смит по скандалот на Оскарите го одржа првиот јавен говор и доби награда

вил смит
Вил Смит / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

По скандалот на Оскарите, американскиот актер Вил Смит беше поканет од Афроамериканската асоцијација на филмски критичари (AAFCA), да ја прими наградата „Бикон“. Актерот при приемот на наградата го одржи својот прв јавен говор по скандалот на Оскарите 2022 откако му удри шлаканица на Крис Рок на сцената.

вил смит
Фото: Профимедиа

Смит го сподели своето искуство од снимањето на филмот.

„Еманципација“ беше најтешкиот филм во целата моја кариера“ – рече актерот.

вил смит
Фото: Профимедиа

Смит продолжи да им се заблагодарува на „AAFCA“, „Apple“ и публиката што ги „одржуваат нашите приказни во живот“. Тој, исто така, го пофали Apple што никогаш не се повлекле и покрај проблемите со буџетот на филмот. „Тоа беше прв пат да слушнам од студио дека приказната е поважна од тоа колку чини да се заврши“, рече тој.

 

„AAFCA“ ја прослави својата 20-годишнина во чест на филмовите како „The Woman King“, „The Inspection“, „Nanny“ и „Black Panther: Wakanda Forever“.

Генерално, вечерта значеше прослава на извонредноста на Африканците во забавната индустрија, покажувајќи ја моќта на раскажувањето приказни и различните перспективи.

По шамарот на Вил Смит, Академијата воведува „кризен тим“ за овогодинешните Оскари

ВИДЕО | Еди Марфи се пошегува: За да бидете успешни, не го спомнувајте името на сопругата на Вил Смит

ВИДЕО | Една година по индицентот на „Оскарите“, Вил Смит најави снимање на четвртиот дел на „Bad Boys“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот