ВИДЕО | Вештаците се преригидни, праксата е друго, вели одбраната на Васев
Адвокатот на доктор Никола Васев смета дека премногу е ригидно денешното излагање на вештаците од Словенија, како и дека во Македонија и Словенија има различен начин на лекување и дека ставот на лекарите од Марибор е преригиден.
Препорачано
Според него едно е што е препишано во терапијата, а сосема друго е во праксата.
„Една е терапијата што е иницирана, како што вели вештакот, во самите упатства за употреба на сите овие лекови, друга е праксата. Токму од овие причини во светот се применуваат различни стандарди и се има т.н. офлејбл терапија кога надвор од пропишаното лекарот оди и експериментира. Нема друга опција, друг лек веќе не постои, пациентот е во тешка состојба и се обидува да му помогне. Дури има обврска кога ќе успее надвор од индикациите да го излекува на некој начин, да му го продолжи животот, да пријави во одредените тела во Европа дека тој лек и за други тумори дава добри резултати“ изјави адвокатот Боби Спирковски.
Тој вели дека постојат околу 250 лекови и околу 60-70 комбинации, па лекарот не може да се држи строго до тоа дека едни лекови се добри други се лоши.
„Замислете го тоа море од лекови и вие да бидете стриктни и да речете оваа варијанта може оваа не може, оваа варијанта води кон смрт, оваа варијанта води кон влошување на здравствената состојба како што видовме денеска. Тоа е премногу ригидно и теоретско становиште и нема врска со она што се случува во праксата, особено во онкологијата“ додаде Спирковски.
Тезата на вештакот од Словенија дека кога пациентот е во лоша состојба не треба да му се дава лек бидејќи тоа повеќе му штети отколку што му помага, според Спирковски е спротивно од доктрината која важи во Македонија.
„Доктор Васев има посебна доктрина која гласи: Во Онкологијата не постои синтагма „ти си готов“. До последен момент се бориме, зошто некој лек од новиве наеднаш од тешка состојба го дига и му дава уште три години. Кој може да предвиди уште колку ќе живее, па како што кажа вештакот веќе не смее да му се дава терапијата. Тој е готов“, нагласи адвокатот.
Вештак од Словенија сведочи дека тројца пациенти биле лекувани со погрешни лекови на Онкологија


