ВИДЕО | Венчаницата на Тејлор Свифт ќе биде инспирирана од фустанот што го носеше Елизабет Тејлор кога се омажи за Конрад Хилтон
Поп-ѕвездата Тејлор Свифт и професионалниот играч на американски фудбал Тревис Келси се подготвуваат да го кажат судбоносното „да“ овој јуни, а светските медиуми веќе ги откриваат деталите за изгледот на невестата. Според извори блиски до пејачката, нејзината венчаница ќе виде во стилот на 50-тите, пренесува „Дејли Мејл“.
Препорачано
Главна инспирација за белиот фустан е култниот изглед на нејзиниот идол, Елизабет Тејлор, од нејзината прва венчавка со Конрад Хилтон во 1950 година.
Тејлор веќе покажа дека е голем обожавател на актерката со песната посветена на неа во нејзиниот последен албум „The Life Of A Showgirl“.
„Тејлор помина многу време гледајќи стари фотографии од Елизабет додека го снимаше спотот за таа песна и едноставно се заљуби во стилот на филмската икона. Кога почна да размислува за својата венчаница, веднаш знаеше каде да бара инспирација“, открива инсајдер за „Дејли мејл“.
На пејачката особено ѝ се допаднал кројот од 50-тите години кој ја истакнува половината, како и софистицираните детали со тантела. Иако името на дизајнерот се чува во строга тајност, се шпекулира дека изборот паднал на Сара Бартон или Вивиен Вествуд.

Свечената церемонија е закажана за 13 јуни и ќе се одржи на нејзиниот имот во Род Ајленд, вреден 18 милиони долари. Иако првично се планираше огромна прослава, парот одлучи да ја намали бројката на гости на околу 150.
Постојат индиции дека Тејлор би можела да позајми парче накит од колекцијата на Елизабет Тејлор за големиот ден, со дозвола на нејзините наследници. Нејзиниот веренички прстен, со кој Тревис ја запроси во август 2025 година, е уникатно изработен дијамант со „old mine“ дизајн.
По медениот месец, кој најверојатно ќе биде на Карибите, Свифт планира да му се врати на снимањето на својот нов албум, но овојпат без притисок за светска турнеја.
„Нејзин приоритет сега е приватниот живот“, додаваат изворите.


