Откриени „сочните“ детали за јунската венчавка на Тејлор Свифт и Тревис Келси на имотот вреден 18 милиони долари
Фановите ширум светот се подготвуваат за најголемиот настан на летото, венчавката на поп-ѕвездата Тејлор Свифт и НФЛ легендата Тревис Келси. Парот ќе го каже судбоносното „Да“ на 13-ти јуни 2026 година на имотот на Тејлор во Роуд Ајленд.
Препорачано
Иако се очекуваше огромен спектакл, извори блиски до парот откриваат дека венчавката ќе биде интимна, со околу 150 гости, но ќе има многу холивудски ѕвезди.

Локација од 18 милиони долари
Церемонијата ќе се одржи во луксузната вила на Тејлор која гледа кон океанот. Целата област ќе биде строго обезбедена за да се зачува приватноста. Гостите кои нема да бидат сместени во вилата, ќе престојуваат во блискиот хотел со пет ѕвезди „Ocean House“.
Листа на гости и „кумови“
На венчавката се очекуваат најблиските пријатели на Тејлор: Селена Гомез, Џиџи Хадид, Ема Стоун и Зои Кравиц. Од страната на младоженецот, тука ќе бидат неговиот брат Џејсон Келси, соиграчот Патрик Махоумс и актерот Мајлс Телер.
Венчаница од соништата и традиционални детали
Иако сè уште се чува во тајност, модните инсајдери шпекулираат дека Тејлор ќе носи креација од Вивиен Вествуд или можеби уникатен модел на Оскар де ла Рента. Свадбата ќе биде традиционална, таткото на Тејлор ќе ја придружува до олтарот, а тортата ќе биде во класичен стил на 50-тите години.
„Двајцата се вклучени во секоја одлука. Сакаат бели цветови, златни бурми и многу емотивни моменти“, открива извор за „Ју-ес Викли“.

Меден месец пред тренинг кампот
По венчавката, парот планира краток меден месец на Карибите, бидејќи веќе во јули Тревис мора да се врати на теренот за почетокот на тренинг кампот. Тејлор, пак, по свадбата планира да се врати во студио и да работи на својот нов албум, но фокусот во моментов ѝ е исклучиво на нејзиниот приватен живот.


